Охрид, 15. август 2022 (ИНПРЕС) – На 14-ти август 2022 година во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-18, Струга-22, Кичево-47, Дебар-5).
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива