Минатата недела забележан пад на бројот на новозаразени од Covid-19, Охрид меѓу градовите со највисока инциденца

Минатата недела забележан пад на бројот на новозаразени од Covid-19, Охрид меѓу градовите со највисока инциденца

Скопје/Охрид, 16. август 2022 (ИНПРЕС) – Намалување на бројот на новозаразени од Covid-19 забележан во текот на минатата недела.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здрвје (ИЈЗ), во периодот од 8-мидо 14-ти август регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 8,7% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Охрид е меѓу градовите каде е забележана највисока инциденца: Кавадарци (417,4/100.000), Неготино (390,2/100.000) и Охрид (335,5/100.000).

Моментално во Охрид има 204 активни случаи на Covid-19.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.750 лица во хоспитални услови или на домашно лекување. Пријавени се 729 реинфекции. Евидентирани се 16 смртни случаи, идентично како минатата недела. Најголем број од починатите се од Скопје (6), а пријавени се
и 3 смртни случаи од Охрид, 2 од Струга и по еден смртен случај од Ресен, Велес, Богданци,Крива Паланка и Радовиш.Сите пријавени случаи се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети.

Заклучно со 14-ти август вакцинирани се вкупно 875.431 лица со барем една доза на вакцина против Covid-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 856.460 лица. Трета доза примиле 161.949, додека со четврата доза 7.295 лица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива