Њуарк, 29. август 2022 (ИНПРЕС) – Тејлор Свифт ја доби најголемата награда на вечерта и најави нов албум за време на доделувањето на видео музичките награди на MTV, хаотичното шоу со блесок, кое им оддаде посебна почит на музичките феномени во минатото и сегашноста. А, големото изненадување на вечерта беше актерот Џони Деп.
Свифт ја освои наградата за најдобро долгогодишно видео и видео на годината за „All Too Well“ за нејзиниот повторно снимен албум во 2021 година насловен „Red“. Свифт истакна дека последната категорија на вечерта, видео на годината, е историска, бидејќи „за првпат во историјата на „ВМА“, четворица од режисерите номинирани во категоријата за видео на годината се жени“. Поп-ѕвездата рече дека нејзините обожаватели ја „охрабриле“ повторно да ги сними нејзините први пет албуми, како дел од спорот со нејзината поранешна издавачка куќа, и го искористи говорот за да ја објава веста за „сосема нов албум“ кој ќе биде објавен на 21 октомври.
Свифт е единствениот уметник кој освои трет трофеј за видео на годината и прва што доби награда за видео спот кој самата го режираше. Таа претходно доби награди во 2015 година за „Bad Blood“ и во 2019 година за „You Need to Calm Down“.
Во текот на три часа, престижните МТВ награди им припаднаа на ветераните од индустријата како Ники Минаж за најдобра хип-хоп изведба и Ред Хот Чили Пеперс кои ја добија наградата за најдобра рок изведба, порториканскиот пејач Бед Бани ја освои наградата уметник на годината од неанглиско говорно подрачје како и Блекпинкс Лиса за најдобар К-поп избедувач. Наградени беа и Џек Харлоу за песна на летото, Лил Нас Икс за најдобра соработка, со Харлоу, за песната „Industry Baby“.
Церемонијата се одржа во Њуарк, Њу Џерси, САД која, по две релативно рестриктивни години поради ковид-19, премина во бурна, непредвидлива, самосвесна територија што размислува за напред. Снуп Дог и Еминем ја изведоа својата нова песна „From the D 2 the LBC“. Неколку изведби, вклучително и онаа на Ники Минаж и Џеј Балвин, вклучуваа холографски елементи.
Во контроверзниот потег наизглед насочен кон генерирање на сето она што изминатите месеци го преплави интернет просторот како и судската битка помеѓу Џони Деп и Амбер Херд која се случуваше пред очите на јавноста, Деп се пошегува со толпата дека му „треба работата“, а потоа рече дека е „достапен за родендени, свадби, крштевки, што било“.
Телевизиската емисија понуди многу ризични моменти. Лизо, прифаќајќи ја наградата за нејзиниот видео спот за песната „About Damn Time“, извика „за сите кучки што добија нешто да кажат за мене во медиумите“.Харлоу го отвори шоуто со неговата песна „First Class“, интерполација на хитот на Ферги од 2006 година „Glamourous“ заедно со самата поранешна членка на „Black Eyed Peas“. Немаше една туку две награди за животно дело, доделени на Ред Хот Чили Пеперс и Ники Минаж.Наградата за песна на годината ја доби Били Ајлиш за песната „Happier Than Ever“, за најдобар нов артист беше избран Дов Камерон, Хари Стајлс доби две награди за песната „As It Was“ – за најдобра поп изведба и најдобра кинематографија, ја освои и наградата за албум на годината за албумот „Harry’s House“. За најдобра алтернатива беа избрани Манскин за песната „I wanna be your slave“. За видео со најдобра кореографија беше избрана песната „Woman“ на Доџа Кет. Група на годината се БТС кои испишуваат историја затоа што оваа награда ја добиваат по четврти пат.
Церемонијата на доделување награди во чест на најдобрите музички спотови на годината, водени од телевизијата MTV, се одржа вчера. Водители на шоуто беа ЛЛ Кул Џеј, Ники Минаж и Џек Харлоу. (Крај)
извор: Слободен печат фото: архива