Скопје, 31. август 2022 (ИНПРЕС) – Во периодот од 22-ри до 28-ми август Тестирани се вкупно 5.815 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3% во однос на минатата недела.
Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани сe 1.763 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 34,3% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 2.437 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 30,4% помалку во споредба со минатата недела, пријавени се 407 реинфекции и 12 смртни случаи.
Заклучно со 28-ми август вакцинирани се вкупно 875.542 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 856.574 лица. Трета доза примиле 162.262, додека со четврата доза 7.871 лица. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива