Вечерва и утревечер 29-то издание на интернационалниот фестивал „Охрид фест“

Вечерва и утревечер 29-то издание на интернационалниот фестивал „Охрид фест“

Охрид, 2. септември 2022 (ИНПРЕС) – Вечерва и утревечер на сцената „Долни сарај“ ќе се одржи 29-то издание на интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“.

Вечерва со сцената ќе „владеат“ фолк изведувачите, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардак“… ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна.
Утре, на интернационалната вечер, ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот- омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако – дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција.

Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава е водедена новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток.
Самиот фестивал создаде многу традиции, а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ.

Преносот на двете фестивалски вечери е преку националниот сервис МТВ, од 20:15 часот. И годинава големиот интерес за фестивалот го потврдуваат и странските телевизии што го пренесуваат, па така „Охрид фест“ се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на -Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Визион, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал ќе може да се проследи и во Америка и Канада. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива