Охрид доби и професионален детски хор

Охрид, 12. октомври 2022 (ИНПРЕС) – Од неодамна Охрид доби и професионален детски хор „Бамбино“.

Го предводи професорката по солфеж и историја на музика, м-р Снежана Караџовска Попова, која предава во Државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Струга. Таа претходно го работеше Центарот за ран музички развој на деца од предучилишна возраст. Во изјава за Супер радио и InPress вели дека идејата за формирање на детски хор ја имала од поодамна, но се чекал вистинскиот момент за реализација, врз што големо влијание имаше ковид пандемијата.

Нема достапен опис

– Може да се пријавуваат деца на возраст од 6 до 14 години.После 12 години веќе им мутира гласот на децата, особено на момчињата, а за помали од 6 години заради тоа што сé уште не им е формиран пејачкиот глас. Јас сакам да ја постигнам таа боја на детски пејачки глас што е уникатна и затоа границата на возраст за членови е оваа. Засега има 12 деца што е супер бројка за почеток, се надевам дека ќе стигне веста дека постои ваков детски професионален фор и ќе ни се приклучуваат уште дечиња. Мислам дека сé уште не знаат што да очекуваат, потенцира уметничкиот раководител на хорот.

Можно е да е слика од 6 луѓе, дете, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 2 луѓе, дете, седнати луѓе и текст кој вели „прв професионален детскихор бамбино доколку вашето дете исклучителен талент за пеене, чиста интонациа на возраст одб -14години, бамбино вистинското место пробите ce одржуваат секој вторник петок часот вокасарна хаб, охрид призавуване телефон 499588 www.tactusassociation.com“

Пробите се одржуваат во просториите на Kasarna Hub два пати неделно, секој вторник и петок од 19:00 часот. Караџовска Попова се надева дека во иднина бројноста на детскиот хор ќе се зголемува. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива