Од утре започнува бесплатната и комерцијалната ваквинација против сезонскии грип

Од утре започнува бесплатната и комерцијалната вакцинација против сезонскии грип

Охрид, 18. октомври 2022 (ИНПРЕС) – Утре почнува имунизацијата против сезонски грип.

Вакцинацијата ќе се спроведува во Центарот за јавно здравје во периодот од 07:30 до 15:00 часот.

– Бесплатната вакцинација е наменета за граѓаните кои спаѓаат во ризичните категории. Сите кои се пријавија на vakcinacija.mk и добија термин, треба да се јават кај нас, да го испочитуваат терминот. Покрај тоа обезбедени се и комерцијални вакцини, кои чинат 800 денари и за нив граѓаните може да дојдат во било кое време и да се имунизираат, без закажување термин, вели за Супер радио и InPress епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Започнува бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Охрид

Од ресорното министерство информираа дека вакцините се од холандскиот производител „Абот“.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Вакцинацијата против сезонски грип, што е незадолжителна, е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива