Missing image

Нестабилните временски услови го намалија родот на грозјето

Скопје, 9. август 2014 (ИНПРЕС) – Поголем дел од винарските визби се подготвени за откуп на грозјето.

Како што велат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се’ уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и со квалитетот на родот.

Според винарите, ова ќе биде тешка година и за нив и за винариите поради намалениот квалитет на грозјето, на количествата, но и на конкуренцијата која доаѓа од евтиното шпанско вино.

Согласно Законот за вино, пет винарски визби од кои две поголеми „Повардарие“ и „Аневски“, поради долг кон лозарите нема да вршат откуп, но со продажбата на залихите и исплата на родот планираат идната година да се вкучат во откупот.

За да не се најдат во ваква состојба, винариите предложија недостигот на финансиски средства да се обезбеди со краткорочни кредити со пониска каматна стапка наменети исклучиво за исплата на родот. (Крај)

извор: А1он фото: архива