СВР Охрид со официјално соопштение за лицето што вчера падна од карпа кај „Лабино“ во Охрид

СВР Охрид со официјално соопштение за лицето што вчера падна од карпа кај „Лабино“ во Охрид

Охрид, 3. ноември 2022 (ИНПРЕС) – На 2-ри ноември во 13:00 часот во СВР Охрид пријавено е дека е пронајдено повредено лице на плажата „Лабино“ на брегот на Охридското езеро во Охрид.

– Од извршениот увид констатирано е дека В.П.(68) од Охрид се движел покрај карпите над плажата и паднал, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива