Досега во Охрид се вакцинирани 1.528 лица против сезонски грип

Досега во Охрид се вакцинирани 1.528 лица против сезонски грип

Охрид, 3. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Заклучно со 30-ти октомври во охридскиот Центар за јавно здравје со бесплатни и комерцијални вакцини против сезонски грип се имунизирале вкупно 1.528 лица.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Струга се вакцинирани 968, а во Дебар 323 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип започна на 19-ти октомври. Бесплатно се имунизираат стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Комерцијалните вакцини, пак, чинат 800 денари.

Вакцинацијата против сезонски грип, што е незадолжителна, е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Според неделните извештаи засега во Охрид не се евидентирани заболени од сезонски грип. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива