Со пет медали се вратија теквондистите на „Хва Ранг ИТФ“ од „Бугарија Опен 2022“, Христијана Парулеска освои злато

Со пет медали се вратија теквондистите на „Хва Ранг ИТФ“ од „Бугарија Опен 2022“, Христијана Парулеска освои злато

Охрид, 15. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Уште еден во низата успешни и забележителни настапи имаа теквондистите од клубот „Хва Ранг ИТФ“ на најсилниот сезонава А класа меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Бугарија Опен 2022”, што се одржа во Пловдив.

Учествуваа над 540 натпреварувачи од 59 клубови од 14 земји од Европа. Нашиот клуб учествуваше со 8 натпреварувачи. Оттаму се вратија со вкупно пет медали, од кои по еден златен и сребрен и три бронзени.

Нема достапен опис

– Традиционално на овој престижен натпревар, сите кои се во можност ги носат своите најдобри поединци,за да ги тестираат и да ги подготват за Европското првенство што ќе се одржи во Римини, Италија. Бевме скептични дека ќе успееме да осовиме некој медал, знаејќи за огромната конкуренција, а претходно нашите натпреварувачи кои учествуваа на 3 последователни натпревари за нецел месец, беа видно исцрпени, но сепак постигнавме успех. Христијана Парулеска со 4 победи успеа да се качи повторно највисоко на пиедесталот, додека во форми беше оштетена од судиите освојувајќи бронзен медал. Елена Јанеска и покрај настинката стигна до финале, каде многу тесно загуби од репрезентативката на Естонија,освојувајќи сребрен медал. Давид Крстески за жал беше оштетен од судиите во двете дисциплини, каде освои бронзен медал во форми. Со ова нашите најдобри натпреварувачи повторно направија да се гордееме со нив, и дека се подготвени за наредното Европско првенство. И овојпат голема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал”, изјави тренерот Марјанчо Лазаревски.

Нема достапен опис

Освојувачи на медали:
– Христијана Парулеска
1 место (злато) борби – 50 кг. женски кадети 12-13 години
3 место (бронза) форми црвен појас женски кадети 12-13 години
– Елена Јанеска
2 место (сребро) борби -70кг. женски јуниори 16-17 години
– Давид Крстески
3 место (бронза) форми црн појас I дан, јуниори 14-15 години
– Марио Крстески
3 место (бронза) форми црвен појас, јуниори 16-17 години. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива