Изложба „Ченто – Биографија низ фотографија“ утре во Охрид

Изложбата „Ченто – Биографија низ фотографија“ утре во Охрид

Охрид, 17. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Утре во Охридќе биде отворена изложбата „Ченто – Биографија низ фотографија“, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, а по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов- Ченто.

 – Изложбата преку фотографии го следи животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него. Автор на изложбата е Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, информираат од охридскиот Завод и Музеј.

May be an image of 4 people, people standing, monument and outdoors

Изложбата ќе биде отворена во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид, во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива