„Гладијаторите“ в сабота во лов на три бода против Куманово

„Гладијаторите“ в сабота во лов на три бода против Куманово

Охрид, 17. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Натпреватите во ракометната Супер лига продолжуваат викендов, со натпреварите од 11-то коло.

ГРК Охрид на домашен терен ќе го пречека Куманово. Она кон што се сконцентрирани и целат нашите ракометари е зголемување на бодовното салдо за нови 3 бода по овој натпревар.

May be an image of 1 person and text that says '" иако e дебитант, екипата на да ce Mummel куманово покажува дека може да игра квалитетен ракомет носи co cekoj противник. без разлика на несрекниот исход од натпреварот co алкалоид, BO мечот co куманово влегуваме co ладни глави и ke дадеме максимум да стигнеме до нова победа. Ce надевам дека ke ja повториме играта од првиот меч co куманово и co поддршка на охридската публика ke славиме. охрид наум костов Vs мкуманово сабота 19.11.@ 18:30'

– Иако е дебитант, екипата на Куманово покажува дека може да игра квалитетен ракомет и да се носи со секој противник. Без разлика на несреќниот исход од натпреварот со Алкалоид, во мечот со Куманово влегуваме со ладни глави и ќе дадеме максимум да стигнеме до нова победа. Се надевам дека ќе ја повториме играта од првиот меч со Куманово и со поддршка на охридската публика ќе славиме, вели крилниот играч Наум Костов.

Натпреварот ќе се одигра в сабота, 19-ти ноември, во салата „Билјанини извори“, со почеток во 18:30 часот. „Гладијаторите“ и натаму се трети на табелата, со 18 бодови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива