Се засадува нов дрворед на улицата „Македонски Просветители“.

Охрид, 18. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Се засадува нов дрворед на улицата „Македонски Просветители“.

Согласно проектната документација за реконструкција на улицата, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus.

Претходно, на оваа улица се пристапи кон отстранување на стариот дрворед при што беа отстранети вкупно 76 стари стебла. Согласно Планот за ревегетација, како замена за отстранетите дрвја, општина Охрид ќе засади вкупно 219 нови садници. Покрај предвидените 96 стебла на улица „Македонски Просветители“ во текот на наредниот период планирано е да бидат засадени уште 123 нови садници од автохтони видови на потегот покрај пешачката патека кон „Горица“.

Инаку, деновиве привршуваат градежните активности на улицата „Македонски Просветители“, на потегот од улиците „Димитар Влахов“ до „Даме Груев“. Завршено е поставувањето на гранитните камени коцки од двете страни на коловозот, а се комплетираат пешачките и велосипедските зони. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Општина Охрид/ИнПрес