Missing image

Намалување на откупот на земјоделските производи за месец јуни

Скопје, 9. август 2014 (ИНПРЕС) – Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни годинава изнесува 741 313 илјади денари, што претставува намалување во споредба со истиот месец минатата година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12.4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29.2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млечните производи и рибата. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива