Ново поевтинување на нафтените деривати од полноќ

Ново поевтинување на нафтените деривати од полноќ

Скопје/Охрид, 21. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ повторно намалување на цените на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 3 денари, на Еуросупер БС-98 за 1,50, литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се точи поевтино за 3 денари, за 2,50 денари се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), додека на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,438 ден/кг.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 90,50 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 90 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 85,50 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 44,524 денари/килограм. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива