Охрид, 23. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Во тек се подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици во селото Долно Лакочереј, информира на својот Фејсбук профил охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.
Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1.300 m².
Неодамна се работеше и во Горно Лакочереј, се асфалтираше во центарот на селото, околу училиштето и помали улички, при што беше асфалтираната површина е околу 1.000 m². (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива