Подолг прекин во водоснабдувањето на дел од булевар „Туристичка“

Охрид, 24. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Подолг прекин во водоснабдувањето за жителите на дел од булевар „Туристичка“.

– Поради изведување на поголем градежен зафат, за потребите на корисниците од новиот комплекс згради на бул. „Туристичка“ кај бензиската Лукоил, денес од 09:00 часот ќе има подолг прекин во водоснабдувањето на „Туристичка“, на потегот од кружниот тек со улица „Бистрица“ до бензиската Лукоил, информираат од ЈП Водовод Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива