Нова герила акција на волонтери од Црвен крст за борба против трговијата со луѓе

Охрид, 24. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Младите волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид продолжуваат со герила акциите во насока на борба против трговијата со луѓе.

Волонтерите, во соработка со СВР Охрид, повторно ги претставија видовите и последиците на трговијата со луѓе како социјален проблем преку нивниот перформанс, овој пат пред учениците од деветто одделение од ООУ „Христо Узунов“.

Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре

Можно е да е слика од 12 луѓе, луѓе што стојат и внатре

– Заедно да се едуцираме и да ја покренеме свеста на оваа тема, порачуваат од Црвениот крст.

Претходно ваква герила акиција беше реализирана за учениците и професорите во СОСУ „Св. Кирил и Методиј “ во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива