14 невработени охриѓани ќе се обучуваат за негуватели

14 невработени охриѓани ќе се обучуваат за негуватели

Охрид, 24. ноември 2022 (ИНПРЕС) – 14 невработени лица од Охрид потпишаа договори за обука за негуватели.

Обуките ќе се спроведуваат согласно мерката мерката 7.2 – Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест во заедницата од Оперативниот план за оваа година.

Договорите се потпишани во Центарот за вработување Охрид, со раководителката Елвадина Дика и координаторот на мерката и советник за активни мерки м-р Маја Ташева Биткоска.

Можно е да е слика од 8 луѓе, седнати луѓе и луѓе што стојат

Партнери во обуката се Агенцијата за вработување на Македонија (АВРСМ), Михаил Пероски од Здружението за воспитно образовна психо-социјална поддршка В.О.П.С, м-р Благој Трајков од Политехничка академија Битола, UNDP и Швајцарска амбасада за развој и соработка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива