ЈП „Водовод“ и охридските основни и средни училишта аплицираа за набавка на струја по повластена цена

ЈП „Водовод“ и охридските основни и средни училишта аплицираа за набавка на струја по повластена цена

Охрид, 24. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Охридски „Водовод“ и основните и средни училишта во Охрид аплицираа до „ЕСМ продажба“ за од 1-ви декември да набавуваат струја по повластена цена.

Според владина одлука за справување со последиците од енергетската и економската криза оваа зима, се овозможи меѓу другите и јавните претпријатија од областа на водоснабдување и основните и средните училишта да добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба” по цена од 95 евра за мегават час.

– Аплицирано е документацијата е комплетирана и е доставена до ЕСМ. Сега чекаме одговор за од 1-ви декември, се надевам дека нема да има проблем, да набавуваме струја по цена од 95 евра од мегават час, вели за Супер радио и InPress директорот на „Водовод“, Марјан Ристески.

– Комплет сите образовни институции аплицираа во предвидениот рок, на дел од нив веќе почнуваат и да им стигнуваат и договорите, вели за Супер радио и InPress Димитар Спасески, раководител на секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита при општина Охрид.

Ученици од OОУ „Григор Прличев” со забележителен успех на регионалниот натпревар по германски јазик

Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба” по цена од 80 евра за мегават час, за основните и средните училишта субвенционираната цена ќе биде по 95 евра за мегават час исто како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици.

Заклучно со вчера траеше рокот за пријавување за сите оние кои сакаат да почнат да ги користат овие повластени цени од 1-ви декември.

– Од 474 јавни основни и средни училишта во државата, за субвенционирано снабдување се пријавиле 233, од сите градови. Од 70 јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици се пријавиле 50 субјекти. Од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор, се пријавиле 235 субјекти, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски.

Субјектите кои не успеале да поднесат комплетни документи, во следниот период ќе можат да го сторат тоа и ќе бидат ставени на субвенционирано снабдување од 1-ви јануари 2023 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива