Градско фудбалско дерби утре на стадионот „Билјанини извори“

Градско фудбалско дерби утре на стадионот „Билјанини извори“

Охрид, 25. ноември 2022 (ИНПРЕС) – Утре градско фудбалско дерби на стадионот „Билјанини извори“, во рамки на Втората лига.

Во 13-то коло се среќаваат екипите на Воска спорт и Охрид Лихнидос.

Натпреварот е со почеток во 13:00 часот. Воска спорт се трети на табелата со 27, а Охрид Лихнидос шести со 22 бодови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива