Продолжува уредувањето на дрворедот на улицата „Македонски просветители“

Продолжува уредувањето на дрворедот на улицата „Македонски просветители“

Охрид, 5. декември 2022 (ИНПРЕС) – Утринава екипи на охридските јавни претпријатија продолжија со уредување на дрворедот на улицата „Македонски просветители“.

Согласно проектната документација за реконструкција на улицата, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus.

Претходно се уредуваше зелениот појас на потегот од улиците „Димитар Влахов“ до „Даме Груев“.

Согласно проектот улицата ќе добие комплетно булеварско решение со осветлување, велосипедска патека, пешачки патеки и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.

Ова е само продолжување на активностите за комплетна санација на булеварот „Македонски просветители“ која официјално започна на 21-ви ноември 2021 година.

Реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ се реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта“ имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3 см, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки со димензии 5/5/8 см. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес