Од утре почнува кампањата „Грижата за Паркот е заедничка обврска“на НП Галичица

Од утре почнува кампањата „Грижата за Паркот е заедничка обврска“ на НП Галичица

Охрид, 5. декември 2022 (ИНПРЕС) – Од утре до 15-ти декември НП Галичица заедно со млади ентузијасти, пријатели на паркот, ќе ја реализираат кампањата „ Грижата за Паркот е заедничка обврска“.

Ќе бидат едуцирани младите за важноста на континуираното спроведување на еколошка едукација во училиштата, поттикнувајќи ги на размислување како до подобрување на моменталната состојба во однос на заштитата на животната средина.

Преку посети во сите средни училишта во Охридскиот регион, преку дружба и дискусија ќе бидат опфатени повеќе значајни теми, информираат од НП Галичица.

Галичица - North Macedonia Timeless

– Меѓу темите ќе бидат природните и културни вредности во НП Галичица, дозволени и забранети активности, како и закани со кои се соочува паркот, начин на работа и управување, туристички активности, како да се поттикнат младите да поминуваат повеќе време во природа, како можеме да придонесеме за развојот на туризмот во НП Галичица, најнови и најатрактивни активности, каква е работата на Ohrid red cross – Mountain Rescue Service, што можете да добиете од НП Галичица. Покрај овие теми ќе бидат дискутирани уште многу други слични содржини преку кои ќе им докажеме на младите дека грижата за паркот е заедничка обврска, истакнаа од НП Галичица.

Предавачи ќе бидат Ангела Тасеска, Марта Пејоска, Јован Јованоски и Димитар Димитров. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива