Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро на 15 сантиметри под просекот за јануари

Водостојот на Охридското Езеро на 15 сантиметри под просекот за јануари


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 9. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е за 15 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водата е на кота од 693,23 м.н.в што е за 15 сантиметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в) и 13 над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 9 степени.

Од почетокот на годинава езерското ниво е намалено за два сантиметри. Билјанините извори и натаму се во добра „кондиција“, откако од крајот на септември до крајот на декември од овој препознатлив симбол на Охрид периодично сосема малку или речиси воопшто не истекуваше вода.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, водостопанство управа хидрометеоролошки работи- дневна хидролошка информацила зареитеи природните езера (споредба co претходниот ден очекувана тенденција наредниот табела 1: водостои 09.01 2023 река cm легуновце- вардар 08.01.23 140 скопле вардар брод треска 92 132 22 26 бана пчина 21 26 16 39 53 берово брегалница брегалница сушево струмица струмица 83 83 р.б.мост-црна ложани- ботун- сатеска 92 72 164 табела водостои рикажани змерени 07:30 146.52 23 нд охрид 146.52 ≡ 693.23 143.99 693.23 = 07:30 ез.преспа 693.38 9.0 9.0 нд ≡ изработил: гм мерене аниво в.д. директор, M-p ивица тодоровски водостој“

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд попладне. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Денес претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м²), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Холандија е најбезбедна земја во Европа- листа на најбезбедни земји за патување во 2023 година
Next ГФК Охрид Лихнидос почнува да се подготвува за претстојната полусезона

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.