Missing image

Вечерва „Соседска патрола“ во Охрид

Охрид, 9. август 2014 (ИНПРЕС) – Мешани патроли составени од полициски службеници и заинтересирани граѓани вечерва ќе патролираат низ Охрид.

– Заедничките патроли што се дел од проектот „Соседска патрола“, вечерва од 22:00 часот ќе се реализираат низ одредени делови на градот, ќе се посетат угостителските објекти и места каде се случувале зачестени кривични дела и прекршоци од областа на јавниот ред и мир. Заедно со заинтересираните граѓани кои доброволно ќе се пријават да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе бидат и претставници на локалната самоуправа и урбаните заедници, претставници од училишните одбори, од советот на родители од школските образовни центри, од советодавните групи на граѓани, од други заинтересирани институции како и претставници од медиумите, информираат од СВР Охрод, од каде додаваат дека со оваа заедничка активност, граѓаните и претставниците на институциите ќе дадат свој придонес кон зголемување на безбедноста и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир.

„Соседска патрола“ е превентивен проект на Министерството за внатрешни работи одобрен од Владата на Република Македонија кој има за цел да се зајакне новиот концепт на полициско работење со заедницата, вклучување на локалната самоуправа, урбаните заедници и граѓаните за подобрување на соработката со полицијата и  зголемена безбедноста во населените места. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива