Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Општина Дебрца ќе доделува студентски и стипендии за одлични средношколци

Општина Дебрца ќе доделува студентски и стипендии за одлични средношколци

1 min read
Општина Дебрца ќе доделува студентски стипендии за прв циклус студии

Дебрца, 21. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Општина Дебрца за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

Покрај тоа за оваа учебна година ќе се доделат стипендии и на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

Условите и критериумите за доделување стипендија се по основ на двата конкурси може да се погледнат на следните линкови:

Стипендии на редовни студенти

Стипендии на одлични ученици

Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна до 7-ми март на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.

Висината на студентската стипендија ќе изнесува 2.500 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година, додека за средношколците ќе изнесува 1.500 денари месечно, за период од девет месеци.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 20-ти март на интернет страницата на Општина Дебрца. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Гладијаторите“ в недела гостуваат кај кавадаречки Тиквеш
Next Уште еден успешен настап и одлични резултати на охридските стрелци

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.