Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Една година од почетокот на руската војна во Украина: Зеленски оптимист дека оваа ќе биде година на победа

Една година од почетокот на руската војна во Украина: Зеленски оптимист дека оваа ќе биде година на победа

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Киев, 24. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Пред точно една година милиони Украинци се разбудија во војна и за нив повеќе ништо не беше исто.

Годините на негирање на Украина и нејзината сопствена државност од страна на рускиот претседател Владимир Путин кулминираа со воена агресија на Русија врз украинската територија која започна точно пред една година.

По падот на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, во 2014 година, Путин често обвинуваше дека оваа држава е преземена од екстремисти. Во 2021 година тој почна да распоредува руски војници близу украинската граница, но со месеци негираше дека ќе го нападне својот сосед.

Сепак, на 24 февруари 2022, тој ја објави инвазијата нарекувајќи ја „специјална воена операција“. Милиони Украинци се разбудија во војна и за нив повеќе ништо не беше исто.

Првите експлозии се слушнаа во Киев во 3:27 часот изутрината, а потоа одекнаа и низ други делови од земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат се огласи околу 5 наутро потврдувајќи дека неговата земја е цел на ракетни напади од Русија.

Денеска, на годишнината од почетокот на војната, пак, тој се огласи дека ова ќе биде година на победа за Украина. На овој ден минатата година, вели Зеленски, милиони украинци направија избор и избраа отпор и борба.

– На 24 февруари милиони од нас направија избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Изминатата година, оценува тој, беше година на болка, тага, верба и единство. Оваа, пак, вели, ќе биде година на наша непобедливост и година на наша победа. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

Post navigation

Previous Бектеши ќе предложи да се укине субвенционираната струја за компаниите
Next В недела на Прочка во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2023“

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.