Вечерва изложба на слики во Центарот за култура „Григор Прличев“

Охрид, 7. март 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва од 18:00 часот во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев” ќе биде отворена изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид.

Посетителите ќе можат да погледнат дела од Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошарскоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменка Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска.

Изложбата ја организираат Женски Центар „Бисера“ од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на COVID-19 и идни катастрофи“, координиран од Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес