Китески: Повеќе нема да има рекламни билборди на Кеј Македонија

Охрид, 15. март 2023 (ИНПРЕС) – Повеќе нема да има рекламни билборди на Кеј „Македонија“, обелодени последната седница на Советот на Општина Охрид секретарот Александар Китески.

Согласно забелешките на УНЕСКО постоечките ќе бидат отстранети. Инаку до петок треба да се објави оглас за издавање на локации за билборди на подрачјето на општината.

Нема достапен опис

– Се очекува до петок да се објави оглас за нивно издавање. Пред неколку седници донесовме одлука за краткотраен закуп на локации за билборди, со тоа што овој пат, затоа и се одолговлече целата работа, ќе се издаваат и локации за оние мали информативни табли за кои досега не се наплаќаше. Се чека записник за точно да се утврди на кои локации, колку ќе се издадат, рече Китески.

Нема достапен опис

Додаде дека со доаѓањето на градоначалникот Пецаков затекнале состојба со истечени договори за закуп повеќе од осум месеци, по што се започнала нова постапка, согласно Одлуката на Совет за издавање под закуп. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес