Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања во струшка Нефрологија

Утре бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања во струшка Нефрологија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Струга, 16. март 2023 (ИНПРЕС) – Одбележувајќи го месец март како месец на бубрегот, Специјализираната болница за нефрологија -Струга, утре ќе спроведе бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања.

Скринингот ќе се одвива во холот на амбулантно-поликлиничкиот оддел во период од 09:00 до 11:00 часот.

Истиот ќе содржи мерење на крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина.

На 9-ти март беше одбележан Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здравје на бубрезите за сите- да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите“.

850 милиони луѓе ширум светот имаат некоја форма на бубрежна болест. Најчести причини за хронична бубрежна болест се дијабетот и хипертензијата.

Инаку неодамна беше потпишан договорот за реновирање на објектот за подолг престој на Специјализираната болница – Нефрологија, Струга, а ќе биде обезбедена и опрема за кислородна поддршка на пациентите.

Со поставување на соларни колектори и фотоволтаичен систем ќе се обезбеди енергетска ефикасност на објектот за подолг престој, за да може да се користи во текот на целата година, со што капацитетот се зголемува од 200 на 1000 пациенти годишно.

Имајќи ги предвид придобивките за корисниците на овие медицински услуги, Министерството за локална самоуправа со поддршка на швајцарската Влада обезбедија средства во износ од 20,5 милиони денари. Установата учествува и со сопствени средства во износ од 3,6 милиони денари.

Нефрологија-Струга е здравствена установа која што обезбедува услуги за жителите од регионот, но и од целата држава. Реновирањето на објектот за престој на пациентите за подолг период, обезбедувањето на медицинска опрема и обезбедувањето на поголема енергетска ефикасност на објектот ќе ги подобри условите за лекување и за рехабилитација на пациентите. (Крај)

извор: Strugaonline/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денес цела Струга без вода
Next ОУ „Живко Чинго“ в понеделник ќе го одбележи патрониот празник

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.