Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Трајковски: Ќе ги објавиме називите на субјектите кои нема да ги почитуваат мерките за намалување и замрзнување на цените

Трајковски: Ќе ги објавиме називите на субјектите кои нема да ги почитуваат мерките за намалување и замрзнување на цените


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 16. март 2023 (ИНПРЕС) – Ние како Државен пазарен инспекторат (ДПИ) ќе ги објавиме со називите на субјектите кои нема да ги почитуваат најновите владини мерки за намалување и замрзнување на цените, бидејќи овие одлуки се во интерес на граѓаните, истакна директорот на инспекторатот Горан Трајковски.

Тој заедно со премиерот Ковачевски и министерот за економија Бектеши беа во обиколка на маркети, дали се намалени цените на дел од тестенините и млечните производи. Трајковски констатира дека досега, немало нерегуларности низ маркетите.

– Во моментов досега има намалување на цените, повеќе од 160 инспектори се на терен, а во текот на денот ќе излеземе со подетални информации. Апелирам како директор, бидејќи имаше шест дена период да се прилагодат трговците за почитување на оваа одлука апелирам истиот да го направат бидејќи по законот за трговија санкциите се високи од 800 до 10 илјади евра, а ние како ДПИ без никаква селекција ќе ги вршиме надзорите максимално до крај и по закон, речеТрајковски.

И министерот Бектеши потврди дека цените се намалени, за 15 отсто на тестенините и за 10 проценти на млечните производи.

– Ако се утврди дека има дополнителен простор за намалување на цените, ќе ги повикаме на состанок бизнисите и ќе се донесат соодветните одлуки. Најважно е дека уште еднаш се потврдува дека ниту една компанија не прави загуби од владините мерки, а најголема придобивка имаат граѓаните, рече Бектеши.

Додаде дека до крајот на идната недела министерството ќе подготви информација за секој производ и согласно тоа ќе се креираат нови мерки кои ќе следуваат најверојатно во април. Подвлече дека мерките ќе бидат насочени кон стопанството и граѓаните.

Премиерот Ковачевски истакна дека намалувањето на цените на овие производи значително ќе влијае врз џебот на граѓаните, додавајќи декла нема да се дозволи личен профит врз грбот на граѓаните и очекува компаниите да имаат разбирање за општото добро. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ОУ „Живко Чинго“ в понеделник ќе го одбележи патрониот празник
Next Врвни борби на првото Државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија, најтрофеен клуб беше „ХВА РАНГ ИТФ“

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.