Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Жанко ЗШ Голабоски гостин во утринската програма „Добро утро, секое утро“ на Алфа ТВ

Жанко ЗШ Голабоски гостин во утринската програма „Добро утро, секое утро“ на Алфа ТВ

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 28. март 2023 (ИНПРЕС) – Познатиот охридски радио водител, но и планинар и вљубеник во природата Жанко ЗШ Голабоски гостуваше во утринската програма „Добро утро, секое утро“ на телевизија Алфа.

Во разговорот со Сузана Турунџиева опфатија повеќе теми, од неговите секојдневните работни обврски како радио водител, до љубовта кон планината, велосипедизмот, еко културата, сето тоа проткаено со доза хумор, во препознатливиот стил на Жанко.

https://www.youtube.com/watch?v=KA_qzTG3kQw

Потенцира дека ги сака и радиото и телевизијата, но сепак негова прва љубов е радиото. Проговори за неговата секојдневна рутина и за емисијата „Охрде не бери гајле“ што полни 18 години ја води на Супер радио.

– Емисијата „Охрде не бери гајле“ е во живо, секој ден од 08:00 до 10:00 часот. Конкретно темите се она што е актуелно, го пласираме, тука е хуморот пред сé, добра музика, македонска и ретро хитови за утринска дружба. Мене радиото ми е прва љувбов, а ја сакам и телевизијата. Предностите на радиото, еве јас конкретно кога заборувам на микрофон се однесувам како публиката да е пред мене. Имавме 76/7 часа маратонска емисија со Сашо Митран за Гинис, се крена градот и државата и веќе кога зборувам на микрофон како пред мене да е публиката. Знам дека и луѓето го почнуваат денот со мене и излегува како едно дружење, вели Голабоски, додавајќи дека она што му несостасува се повеќе македонски емисии, вели колку и да е скап проектот, не е тешко да се направи наша емисија, а за тоа имаме и талентирани луѓе.

Еко акциите се нешто што го прави мошне успешно, ја начнаа и темата за грижата за езерото, а се навратија и на 2019 година, кога Жанко беше прв охрѓанец што ја реализира западната трансферзала.

– Ние сме чистеле многу локации и покрај реките и покрај патиштата и во планините. Тоа се создадени депонии, ќе исчитиме одредено место за само после неколку дена повторно да се претвори во депонија. Решение е само казна, рече Голабоски.

Повторувајќи го неговото препознатливо мото „Движи се да не заборавиш да одиш“, тој го најави четвртото издание на планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“, што ќе се одржи на 17-ти и 18-ти јуни. Може да учествува секој, не само планинари, ќе се вози велосипед околу езеро по повод Денот на Охридското Езеро, на 17-ти јуни вечерта на Корита ќе има камп со логорски оган, анастанот завршува на плажа во Љубаништа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Езерскиот водостој расте, но недоволно да го достигне месечниот просек
Next Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.