Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 4. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македнската Традиционална Таеквондо Федерација минатиот викенд настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „С.И.Т.А. ОПЕН 2023“ во Лозница, Србија.
Во конкуренција од околу 300 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, боите на Македонија ги бранеа пет дебитанти од три различни клубови, кои учествуваа во две дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.
Под водство на претседателот на МТТФ ,Марјанчо Лазаревски настапија:
Таеквон-до клуб „Хва Ранг ИТФ“Лескоец- Охрид претставуван од 3 натпреварувачки кои освоија
Анастасија Чулческа 1 место (злато) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години 3место (бронза) борби -55 кг. женски кадети 12-13 години
Теодора Тодорска 2 место (сребро) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години 3место (бронза) борби -60 кг. женски кадети 12-13 години
Анастасија Трифуноска 2 место (сребро) борби -40 кг. женски кадети 10-11 години

За Таеквон-до клубот „Мастер“ Охрид настапи
Теодора Митреска 1 место (злато) форми зелен појас, јуниорки 14-15 години 2 место (сребро) борби -65 кг. јуниорки 14-15 години
За Таеквон-до клубот „Чонџи“Косел – Охрид настапи
Мила Јосифоска, која за жал во спаринг борби четвртфинале, во борбата за медал беше оштетена од страна на судиите.

– Со оглед на големината и квалитетот на учесниците на овој натпревар , презадоволни сме од нашите натпреварувачки кои покажаа извонредна храброст и пожртвуваност, а со тоа имаат мотив да тренираат и уште понапорно, за да постигнеме подобри резултати. Одлучивме да одиме само со девојчиња, кои се покажаа најдобро на државното првенство, а кои се во вториот состав, добија можност да се покажат на борилиштата. Голема благодарност и овој пат до генералниот спонзор „ПН Метал”, вели претседателот Лазаревски.
Нашите теквондисти веќе се подготвуваат за следниот предизвик, учество на Европското првенство штоод 17-ти до 24-ти април ќе се одржува во Језоло, Италија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
