Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 12. април 2023 (ИНПРЕС) – Народен Театар Охрид ја носи гротескната комедијата во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников пред охриѓани.
Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ е претпремиерата на претставата, а преостанатаи се малку билети, додека утрешната премиера е веќе распродадена.

Режисер на претставата е Софија Ристеска Петрушева, а во неа играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Покрај оваа, за годинава се предвидени премиери на театарските претстави „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во режија на Сашо Миленкоски и „Серјожа е труп“ од Димитри Данаилов, во режија на Дејана Николовска.
Охридскиот народен театар годинава ќе прослави 12 години постоење. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
