„Генералка Викенд“ утре во Охрид

Охрид, 12. мај 2023 (ИНПРЕС) – Во организација на компанијата „Man and mountain“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, утре од 09:00 часот, во повеќе општини во државата, ќе се одржи „Генералка Викенд“.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.

Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите „Грашница“, „Горица“ и „Св. Стефан“. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста“ и компанијата Kостал Македонија Дооел.

Од Општина Охрид ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива