Скопје, 15. мај 2023 (ИНПРЕС) – Со нови успеси и освоени медали се вратија натпреварувачите на АК „Охрид“ од Националното екипно првенство за сениори и сениорки што се одржа во Скопје.
Учествуваа Стефан Стефаноски и Искра Маџоска.
Стефаноски во диск повторно доминантен заврши на првата позиција, додека во фрлање кладиво го освои второто место. Маџоска во трката на 100 метри заврши на 4-то место со нов постигнат личен рекорд.
Од клубот велат ги очекуваат уште неколку значајни натпревари, а подготовките течат со постојани тренинзи и подобрување на формата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива