„Енергични луѓе“ на фестивалот „5ре“, Мали vs Голем“ гостува во Ресен

„Енергични луѓе“ на фестивалот „5ре“, Мали vs Голем“ гостува во Ресен

Охрид, 16. мај 2023 (ИНПРЕС) – Народен театар Охрид в петок, на 19-ти мај, ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал „5ре“ во Велес, со претставата „Енергични луѓе“.

Ова е второ издание на овај фестивал во коорганизација на градот Велес со здружение на почитувачи на ликот и делото на Петре Прличко, еден од основачите на повоениот театар во Македонија, кој по потекло е од Велес.

Претставата ќе се одигра од 20:00 часот.

Можеби е графика на текст

Утре пак, детското драмско студио „ДрамаКидЗ“ со претставата „Мали vs Голем“ гостува во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен. Преставата ќе се одигра два термини 10:30 и 12:00 часот, а е наменета за децата од I-V одделение во градот Ресен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива