Вечерва хуманитарен музичко-сценски настап „Гимназиски Макфест“

Вечерва хуманитарен музичко-сценски настап „Гимназиски Макфест“

Охрид, 17. мај 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид,  ќе се одржи концертот „Гимназиски Макфест“.

Станува збор за хуманитарен музичко-сценски настап, за кој организаторите порачуваат дека „ќе Ве внесе во светот на македонската музика од почетокот до нејзината сегашност.“

– Не пропуштајте. После три години чекање, многубројни препреки и сопки, не се откажуваме и Ви го претставуваме Предновогодишниот хуманитарен концерт (ама напролет) – концерт кој ќе Ве внесе во светот на македонската музика од почетокот до нејзината сегашност. Ве очекуваме во што поголем број затоа што Ние не сме професионалци, ние сме ГИМНАЗИЈАЛЦИ, порачуваат организаторите.

Концертот е со почеток во 20:00 часот, а влезниот билет чини 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива