Изложба и пијано концерт во чест на Св.Кирил и Методиј

Охрид, 23. мај 2023 (ИНПРЕС) – Во рамки на одбележувањето на Денот на Сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, утревечер во црквата Св Софија ќе се одржи пијано концерт и изложба.

Настанот ќе започне со изложба на уметнички фотографии на Славчо Малезанов насловена „Охрид во духот на средниот век“,проф. д-р Димитар Пандев ќе раскаже за животот и житието на Солунските браќа, а потоа ќе следи настапот на ученици од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски. Гостинка на концертот ќе биде пијанистката Викторија Митеска.

Почеток е во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Како дел од свеченостите за чествување на светите браќа, вечерва од 18:00 часот во црквата Св. Софија со културно – уметничка програма патрониот празник ќе го одбележи СОСУ „Св.Кирил и Методиј“. Утре од 09:30 часот во домот на култура „Св.Кирил и Методиј“- Кошишта ќе се одржи панихида и фолклорен концерт. Централна свеченост е предвидена за 12:00 часот пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во градскиот парк. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес