Битиќи: Анализите за враќање на ДДВ-то на 18% за струјата се при крај

Битиќи: Анализите за враќање на ДДВ-то на 18% за струјата се при крај

Скопје, 26. мај 2023 (ИНПРЕС) – Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој беше гостин во Утринска на Телма.

Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни.

– Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија, вели Битиќи.

Тој, во Утринска на Телма, потенцираше дека како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните. (Крај)

извор: Телма фото: архива