Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Меџити: Пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво

Меџити: Пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 26. мај 2023 (ИНПРЕС) – Резултатите од направените студии за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот, како и презентација на статусот со инвестициите во тутунот во земјава, покажуваат дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно, половина од населението секојдневно консумира цигари и производи од тутун, истакнал министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната презентација на студиите.

На настанот, организиран во пресрет на „31 мај – Светски ден без тутун“, како што соопшти Министерството за здравство, учествувале и Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во земјава и Сузана Ахмети Јањиќ, раководител на секторот за инклузивен просперитет во УНДП.

Македонците се лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска  цена - Конект.мк

Министерот нагласил дека студии од овој тип за првпат се спроведуваат на национално ниво, кои служат за планирање на идните стратешки чекори, како и за подигнување на јавната свест во правец на зајакнување на националните активности за контрола на употреба на тутунот и тутунските производи. Земајќи ја предвид фактичката состојба дека употребата на тутун е меѓу главните фактори за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести, неопходно е планирање и преземање активни мерки за намалување на консумирањето тутун и тутунски производи.

– Со нашите партнери, разгледуваме креирање на нови, специфични активности во насока на поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјавил Меџити.

Во рамки на денешното излагање, министерот искажал благодарност до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во заштита на здравјето на населението и зајакнување на здравствениот систем, како и до УНДП и сите агенции на Обединетите Нации (ОН), кои работат на развој и имплементација на политики, стратегии и активности, како што е Националната развојна стратегија за следните 20 години, со цел „Никој да не биде изоставен“. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Битиќи: Анализите за враќање на ДДВ-то на 18% за струјата се при крај
Next Матурантите утре го полагаат првиот екстерен испит од државната матура, охридската Гимназија го објави распоредот

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.