Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва ќе се одржи 5. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Вечерва ќе се одржи 5. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

1 min read

Охрид, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва ќе се одржи јубилејниот петти по ред Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“.

– И овојпат подготвивме репертоар што ќе биде едно уникатно доживување за публиката, со промоција на нашата и светската хорска традиција. Ќе настапиме со композициите Ubi caritas – Maurice Duruflé, Море сокол пие за која јас го направив аранжманот, а солисти ќе бидат Драга Ставреска, Јасна Чепуњоска, Мирјана Мартиноска и Виолета Цветковска , следи една традиционалната кeниска песна Wana Baraka – арр. Shawn Kirchner, на која на удиралки ќе не придружува Боби Дамчевски и Kiss from a Rose – арр. Stefan Wyatt со пијано придружба на Гоце Гавриловски, вели за Супер радио и InPress диригентот на „Вокс Лихнидос“, Бурим Хидри.

Покрај домаќините, ќе гостуваат два ансамбли од Србија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда и женскиот, мешаниот хор и детската вокална група „Бачки певачи“ од Врбас, потоа Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола и женскиот хорски ансамбл од Феризај, Косово.

Почетокот на фестивалот е во 20:00 часот, влезот ќе биде слободен, а концертот ќе биде пренесуван и преку live stream.

Со ова хорот Vox Lychnidos ќе заокружи уште една успешна хорска сезона, со бројни настапи низ Македонија, меѓу кои и учеството на како учеството на на јубилејното 50-то издание на хорскиот фестивал со меѓународен карактер „ ТЕХО 2023”, но и надвор, од кои ги издвојуваат оние во Кикинда и Нови Сад во Србија во октомви минатата година.

Во октомври планираат да учествуваат на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови, а во ноември на фестивал во Темишвар.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Претставата „Сергеј е многу глупав“ вечерва репризно пред охриѓани
Next Охрид најубав: 27. јуни 2023 година

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.