Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Џафери: Немам причина за дилема за извештајот на Стејт департментот за Мерко, на ред се институциите

Џафери: Немам причина за дилема за извештајот на Стејт департментот за Мерко, на ред се институциите

Скопје, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – САД ни се стратешки партнер, официјализиран со соодветен билатерален договор, и секако дека сознијата, постапувањата и пораките што ги праќаат се пораки што сериозно треба да се земат во предвид. Како претседател на Собранието и како Собрание, немам причина да поставам дилема за извештајот, рече на брифингот со новинарите денеска претседателот на Собранието Талат Џафери запрашан за став во врска со случувањата поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој е ставен на црна листа на САД заради корупција.

Подоцна во официјална изјава за медиумите, Џафери рече дека: ставовите на дипломатските претставништва во земјава не се предмет на оценка на Собранието.

Претходно на брифингот за новинарите за статусот на Мерко во партијата ДУИ, рече дека тоа е лична работа на засегнатото лице и дека тој се изјаснил дека ги става во мирување сите активности во партијата, како член, и последната изјава му е дека институциите треба да делуваат и да се потврди или да се отфрли констатацијата од извештајот на Стејт департментот.

Во однос на поднесување или барање за оставка од градоначалничката фунција на Мерко, исклучување и делувањето на ДУИ, Џафери, кој е дел од највисокото раководство на партијата, упатува на нејзиниот статут. Тој укажува дека сега надлежностите се кај други институции и се додека не се докаже нешто, важи пресумпцијата на невиност.

Џафери не сакаше да ги коментира и информациите за купувањето на Соравиа од внукот на Али Ахмети. За тоа има институции, вели Џафери.

Според него, нема потреба партијата да прави нешто, туку институциите. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Миле Кузмановски ја отпеа антологиската „Налеј, налеј“, како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“ (Видео)
Next Андоновски: Досега се подигнати 800 картички, до крај на неделава очекуваме да бидат ставени во функција рампите

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.