Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска и утре 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во Охрид

Денеска и утре 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 29. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Народната банка на Република Македонија и Централната банка на Холандија по петнаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко согледување на можностите и предизвиците кај платежните услуги преку отворена и плодна дискусија.

Годинава Конференцијата е насловена „Обликување на платежните иновации“ и ќе се одржи денеска и утре, 29-ти и 30-ти јуни 2023 година во Охрид.

Јакнење на финансиската рамка на патот кон Единствената европска платежна област –  СЕПА преку поврзување на платежната инфраструктура на Западен Балкан со инфраструктурата на Европската Унија, дигиталните валути на централните банки ширум светот, тековните состојби, очекувањата и стратегиите поврзани со нив, отвореното банкарство и иднината на финансиските услуги коишто се во склад со финтек, се дел од темите на кои ќе дебатираат претставници на голем број централни банки, деловни банки, небанкарските даватели на платежни услуги и други институции. Со свои обраќања Конференцијата ќе ја отворат гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска- Бежоска и директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк, a ќе учествуваат претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите од Европската Унија, централните банки на земјите од регионот, Банката за меѓународни порамнувања, Европскиот совет за плаќања, домашните финансиски регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските институции од доменот на финтек-секторот коишто се засегнати страни во доменот на платежните услуги.

Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура низ годините прерасна во платформа за размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата и промовирањето нови идеи, додека Народната банка на Република Македонија презема бројни активности за модернизација на постојната платежна инфраструктура преку примена на технолошките новитети.

извор: МРТВ фото: архива

Post navigation

Previous Свети Тихон, епископ Аматунтски
Next До крајот на неделава треба да се стават во функција рампите во центарот на градот

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.