Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Генерацијата 1974/75 во сабота слави 30 години од матура: За незаборавните спомени од некогаш и за најубавите кои се пред нас

Генерацијата 1974/75 во сабота слави 30 години од матура: За незаборавните спомени од некогаш и за најубавите кои се пред нас

1 min read

Охрид, 29. јуни 2023 (ИНПРЕС) – По повод 30 годишнината од матура на генерацијата 1974/75, кои матурирале во 1993 година, се организира прослава во сабота, на 1. јули 2023 година, во ресторанот „Ана Марија“, во населбата Рача.

– Почетокот е закажан за 20:00 часот, а потоа забавата ќе продолжи во ноќниот клуб Rebel. Прославата се однесува за сите средни училишта од Охрид: ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Гимназија, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Економско, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Угостителско, информираат организаторите.

Билетите се продаваат во ограничен период, од понеделник 19-ти, до денеска, четврток 29-ти јуни 2023 година, во продавницата „Домино“, во малата скалеста зграда, на булевар „Туристичка“ бр. 36, на пресекот со улицата „Даме Груев“ од 10:00 до 20:00 часот.

– За незаборавните спомени од некогаш и за најубавите кои се пред нас, порачуваат организаторите.

За сите подетални информации во врска со прославата, сите заинтересирани можат да се информираат во продавницата „Домино“.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Следната недела започнува „Летната пливачка школа 2023“ на „Акваспирит“
Next Промоција на книга за пловните објекти и веслањето низ историјата од Здравко Тупаре

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.