Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нова водоводната инсталација на улицата „Македонски просветители“ од ЕВН до Пожарна, кракот до „Абас Емин“ ќе се прави наесен

Нова водоводната инсталација на улицата „Македонски просветители“ од ЕВН до Пожарна, кракот до „Абас Емин“ ќе се прави наесен

1 min read

Охрид, 5. јули 2023 (ИНПРЕС) – Завршија градежните зафати за целосна промена на водоводната линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната.

Директорот на ЈП „Водовод“ Охрид, Марјан Ристески, за Супер радио и InPress вели дека нивниот дел од работата е завршен, поставена е нова водоводна инсталација на потегот од ЕВН до Пожарната, додека кракот од улицата покрај Пожарна, до пресек со улицата „Абас Емин“ ќе се реконструира наесен.

– Ние со водоводна линија завршивме ја поставивме водоводна линија на потегот од ЕВН до Пожарната, приклучени се сите корисници. Со оглед на тоа што е летен период, кракот од пожарна до пресекот со „Абас Емин“ планирано е да се дозаврши во есенскиот дел, рече Ристески.

Наспроти Пожарната оставена е отворена една поголема дупка, што дел од граѓаните ја гледаат како потенцијална опасност. Ристески додаде дека таму треба ЈП „Никсоградба“ да направи шахти, што ќе се користат кога ќе треба да се запре водата при некоја интерванција и очкува истото да биде комплетирано за брзо време.

Што се однесува до деловите од коловозот и тротоарите што беа ископани поради зафатите, од Општина Охрид нѐ информираа дека сега ќе се поплочат со бекатон плочки, а наесен ќе се асфалтира.

По честите дефекти на водоводната мрежа на овој потег во април и октомви минатата година промената на водоводната линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната беше приоритетен проект за ЈП „Водовод“. Конечно во првата половина на мај годинава започнаа градежните зафати за промена на водоводната инсталација. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Од денеска се пушта во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља“ до Подмоље
Next Нова водоводната инсталација на улицата „Македонски просветители“ од ЕВН до Пожарна, кракот до „Абас Емин“ ќе се прави наесен

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.