Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро над просекот за јули

Водостојот на Охридското Езеро над просекот за јули

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро над просекот за јули

Охрид, 5. јули 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро го надмина просекот за јули.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,62 м.н.в, што е за 4 сантиметри над просекот за јули (693,58 м.н.в), односно 52 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 20 степени и е за 2,8 степени пониска од јулскиот просек.

Последнава недела езерското ниво е покачено за 2 сантиметри.

Нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Исклучок се реките Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани каде има понизок водостој од просечниот.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Денес на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а од петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Прв „Ракија базар“ во Охрид на 8-ми јули
Next Со целовечерен концерт на „Танец“ вечерва почнува 62-от Балкански фестивал на народни песни и игри

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.