Охрид, 6. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.
– Денес од пладневните часови во делови од државата ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес

