Охрид, 14. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во недела, 16-ти јули ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, во спомен на младиот охридски музичар.
Датумот е одбран симболично, 16-ти е датумот на раѓање на Андреј.
– Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но, ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории.
Бидејќи концертот ќе се одржи на плажа ве молиме понесете си перниче, пешкир,столче за седење, велат од ансамблот „Билјана“, чиј член беше Лаброски.
Концертот ќе се одржи на плажата Сараиште, со почеток во 19:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
